НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ: Пристрасно медиумско покривање и мешање на партиите

0
By Нова ТВ on April 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Првите заклучоци за изминатиот втор круг на локалните избори во Македонија се продолжување на пристрасното медиумско покривање и мешањето на владините и партиски активности во изборниот процес со што се потврди недостигот од рамноправен натпревар меѓу кандидатите на терен.

На денешниот прес, шефот на набљудувачката мисијата на ОБСЕ, Герд-Хинрих Аренс истакна дека „Иако ДИК работеше транспарентно и во голема мерка ефикасно, колегијалноста брзо се наруши за време на разгледувањето на приговорите поради тоа што одлуките беа првенствено засновани на партиска припадност отколку на законот“.

„Како и првиот круг од гласањето, во вториот круг локалните избори беа ефикасно спроведени и изразено конкурентни. Меѓутоа продолжувањето на пристрасното и партиско медиумско покривање и мешањето на владините и партиските активности го потврди недостатокот од рамноправен терен за натпревар меѓу кандидатите.

– Во текот на кампањата атмосферата остана мирна, но тонот стана понегативен во некои општини. Дел од кандидатите ги обвинија своите противници за наводни незаконитости во првиот круг. Продолжија и наводите за заплашување на гласачи, особено на вработените во јавниот сектор и злоупотреба на државни ресурси “, рече Аренс.

– Недостигаат детали околу запишувањето на гласачите во избирачкиот список, водење на изборната камапња и нејзино финансирање како и медиумското покривање. Иако властите презедоа некои чекори за да се исправат недостатоците во процедурите забележани во првиот круг, останува потребата од понатамошни изборни реформи“, рече Аренс.

Конечниот извештај за локалните избори во Македонија на ОБСЕ/ОДИХР ќе биде објавен најдоцна за два месеца. Целосната оценка на изборите делумно ќе зависи од постапувањето во останатите фази од изборниот процес, што опфаќа сумирање и објава на изборните резултати како и постапувањето по евентуалните пориговори и жалби по денот на изборите.

Прашан од НОВА како го толкува податокот дека на гласачко место во Центар сретнал жители од Пустец, Аренс со одговор кој што можете да го погледнете во видеото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.