Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Виртуозот Трпчески доби 5 ѕвезди во „Дејли Телеграф“

0
By on April 9, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2013 00:40

Со највисоката оценка од 5 ѕвезди рецензентот на угледниот лондонски „Дејли Телеграф“ го поздравува излегувањето на рециталното издание на нашиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, за престижната етикета на „Вигмор Хол“.

Салата „Вигмор“ во британската престолнина е првата концертна сцена за класична музика во светот што има своја сопствена ЦД-етикета, во чии рамки на носач на звук се претставени настапите на најпознатите светски музички ѕвезди во салата со распоред од над 400 настани годишно, за кои се продаваат 165.000 билети.

На својот најнов компакт диск, македонскиот пијанист ја претставува својата изведба во живо на престижниот подиум во салата „Вигмор“ од 18 март 2012 година. Концертната и ЦД-програма ја отвораат „16-те германски танци“ и „Фантазијата Вандерер“ од Франц Шуберт, потоа делата од Бах и Лист, како и изведбите на бис што го вклучува и Шопен.

„Едноставно мора да ги слушнете 16. германски танци на Шуберт за да ги увидите височините на интерпретативната задача на Симон Трпчески“ – истакнува угледниот музички критичар на „Дејли Телеграф“, Џефри Норис, кој поентира дека „неговото созревање е радост да се доживее. Тој проширувањето на својот репертоар го прави со мудрост и стилска проникливост“.

За својот најнов компакт диск, Трпчески за Македонското радио вели: „Навистина е голема одговорност да се снима це-де во живо… Но чистата магија честопати е токму во изведбата во живо. Се надевам дека ова це-де ќе и’ се допадне на публиката и дека ќе ужива во него.“ – вели Трпчески.

По овациите што ги собра во шведската престолнина на настапот со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм, Трпчески во недела ќе настапи во Беркли, САД, каде што ќе изведе дела од Шуберт и Лист – програма резервирана и за новото претставување во Ванкувер, Канада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.