Published: Friday, June 3, 2016 19:22
„Кривиот пишува кривични“. Ова е мотото на вечерашниот протест во рамките на Шарената револуција. Протестниот марш започна од пред зградата каде што е сместено Специјалното јавно обвинителтво, а првата станица вечерва е Владата.
Во поворката е и комбето со натпис Шарена револуција, кое вечерва го вози лидерот на ЛДП Горан Милевски. Според најавите од демонстрантите, секој ден на возачкото место ќе се менува некој од нив.








