НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали е луд?

0
By Биљана Секуловска on June 4, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се ангажираат и покануваат на телевизиите психијатри, невропсихијатри, психолози, добога, мора да се најде дијагноза за премиерот Груевски, после се.

Мегаломанскиот проект Скопје 2014, бомбите на Заев, грандиозните слики на неговото семејство со пошироката фамилија од ВМРО-ДПМНЕ, гатачката со која разговара со часови, зарем не се доволен доказ дека овој човек има проблем, се прашува поголемиот дел од светот.

Психички, психолошки, ментален, умствен, некаков сериозен проблем веројатно има, задоволно заклучува тој ист дел од светот и продолжува да ги слуша новите бомби, овој пат не од Заев, туку од непознат сторител.

Како протекуваат снимките, од кого- исклучително важно е да се знае- кој е кртот, кој е свиркачот кој почна да доставува траги-комични содржини, кои за жал, очекувано, се далеку од шекспиријански маштап. Господството не живее таму, особено не во околината на Груевски, а во евтината индиска сапуница е вклучена и божицата- гатачка.

Но, кртот, што со него? Кого да се праша, како да се стапи во контакт со кого било од таа зграда на ВМРО, кога таму одамна има молк.

Застрашувачки молк. Се разбира, од време на време се слуша некој врисок, некој тап удар и нечие стркалување по скалите, но така е секогаш во политичкиот хорор.

Но, едно е сигурно. Не, Груевски не е луд. Тоа е амнестијата на која тој се надева и доколку се докажат делата за кои е осомничен, под такво образложение и ќе биде ослободен.

Политичките одлуки се правени свесно, во полна физичка и психичка форма,  зошто би се имало дилема?

Ставете ги под прашање интелектуалниот капацитет, начинот на кој се стекнувало формалното образование, непостоење на неформално образование, ниските страсти, примитивниот однос кон се што го опкружува овој човек, кој се замрзнал во средниот век и така и се однесува низ целото свое владеење.

Во стилот на африканските племиња, кои и денес практицираат гатачки и бајачки, нашиов премиер, во транс од хипнозата на гатарата, бил сосема зависен од нејзините ритуални вештини. Доколку добиел инструкција од неа, тој ќе расчистел со се што е надвор од нејзината милост, но со исклучок на неговата величина.

Егото му го  храни и негува со часови, месеци, можеби и години, оваа средновековна гатачка, како вистински примерок на мрачното средно доба, во кое игнорирањето и суеверието се единствените посакувани сили кои владеат со светот.

Бесценатата бомба со гатачката е доказ за жената која владеела со него и оттаму и со нас. Жената која црпела од него и информации и го насочувала во креирање на хаосот, теророт и свирепоста со која се владеело, како и уништување на секоја мала надеж доколку таа не ја предизвикала и одобрила.

Ве молам затоа, Груевски не е луд. Но, добро е затоа, да се испита лудоста на се што не опкружува, за да се добие одговорот- зошто дозволивме да ни се случи Груевски ?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.