НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Шарената револуција подготвува акција за поддршка за Европа

0
By Светлана Јовановска on June 5, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Снимател: Трајче Антоновски

Монтажа: Дарко Груевски

Од Париз стаса пријатно изненадување за Македонија. Париското движење Ноќно бдеење ја поддржува нашата Шарена револуција!

Има ли навистина заеднички точки помеѓу ова социјално француско движење и македонските протести?

За потсетување, Ноќното бдеење е родено овој март во Париз. Како одговор на предлогот на француската влада за нов закон за работни односи. Критичарите велат дека законот е одличен за работодавачот а многу лош за работникот. Протестите во Париз не стивнуваат.

Низ цела Европа, во Германија, Шпанија, Белгија… се појавуваат слични социјални движења кои протестираат и се борат за повеќе социјална правда, повеќе демократија и подобар живот.

– Тоа и ние тука го бараме. Меѓутоа ние имаме елемент плус а тоа е дека имаме диктатор. Тоа е поразлично отколку Франција и Германија.  Но тие имаат проблем со десничарските влади. Тоа е сврзната точка, вели Јасмина Голубовска, активист.

Овие движења одлучија да си подадат рака, да разменуваат искуства. да покажат солидарност едни со други и да ја информираат јавноста. Така, Ноќното бдеење во Париз излезе со поддршка за Шарената револуција.

– Не прашаа како да ви помогнеме да станете на европско ниво повидливи и ние едноставно им рековме дека ние користиме боја, направете акции со боја, не сме им сугерирале какви ќе бидат акциите ниту како ќе ги изведат.  Таа е соработката. Тоа е многу едноставно, човечки и многу убаво од аспект на солидарност на ниво на Европа, вели Голубовска.

Во знак на солидарност поддржувачите на Ноќното бдеење решија да го бојат парискиот асфалт. Но не и историските објекти и споменици. Има една битна, клучна разлика помеѓу Париз и Скопје. Денешниот лик Париз го доби во 19 век и стана пример за урбана архитектонска хармонија. И најнезадоволниот Парижанец е горд на архитектурата на градот. А урбанистичките проекти за Париз 2050 година се еколошки и модерни.

Тоа не може да се каже за проектот Скопје 2014 кој за жал стана предмет на подбив низ светските медиуми.

Шарената револуција има намера наскоро со акции да ја покаже својата солидарност кон сестринските движења во Европа. Засега не даваат детали за акциите. Ги чуваат како изненадување.

– Така и ние ќе возвратиме, ќе видиме нешто од наша страна каква поддшрка ние да дадеме за социјалните движења во Европа. Не само во Франција туку и Occupy Germany, има и во Чешка анти фашистички движења, Шведска, Норвешка…. И тоа не е нешто ново. Можеби е ново за Груевски но за нас не е, вели Голубовска.

Конечно, сите овие европски движења потсетуваат на 68 година. Тешко е да се превиди нивната иднина. Но, едно е сигурно. Земаат се поголем замав и нивното влијание е во пораст.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.