Македонската писателка Румена Бужаровска е помеѓу десетте најинтересни писатели во Европа, споде меѓународното жири на Лондонскиот саем на книга за 2016.
Се работи за проектот „New Voices“ во рамките на кој се прогласени новите европски книжевни таленти.
За ова признание, Бужаровска ја номинирале хрватското друштво на писатели и здржението Културтрегер.
Според образложението на Културтрегер, Бужаровска е „исклучително образована авторка, која во своите раскази идеално ги споила локалното, македонско, транзициско со универзалното, со човечките драми и социјални притисоци, во лесно преводливите, уметнички, беспрекорни раскази, кои освен длабокиот увид во човечката психа, содржат и димензија на социјална критичност и освестеност“.
Расказите на Бужаровска ќе бидат објавени во антологијата на англиски јазик, заедно со другите девет млади писатели во Европа и нивното творештво ќе биде претставено на книжевните фестивали во Велика Британија, Шпанија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Словенија, Унгарија.
Бужаровска е авторка на три книги раскази „Чкртки“ (2007), „Осумка“ (2010) и „Мојот маж“ (2014). Нејзините раскази се преведенувани на неколку јазици.