Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер ќе биде погребана наредната недела во Лондон.
Погребот ќе се одржи во лондонската катедрална црква Сент Пол, додека нејзиниот погреб е осначен како церемонијален со сите воени почести, но тој нема да биде државен.
Нејзиниот портпарол Лорд Тим Бел изјави дека челичната леди не сакала државен погреб.
Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер почина на 87 годишна возраст. Според нејзиниот портпарол Тачер починала од мозочен удар.
Таа во 1974 година стана првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство.
Функцијата ја извршуваше од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.