Единаесет луѓе загинаа во експлозија на бомба во центарот на Истанбул утрово.
Според тамошните медиуми се работи за напад врз полициско возило.
Во експлозијата што се случила во близина на автобуска постојка ранети се четириесетина ранети луѓе. Бомбата експлодирала во паркирано возило во моментот кога на местото поминувало полициско возило. Некои очевидци тврдат дека биле погодени две полициски возила.
Според агенцијата Анадолу, во близина на настанот се слушнале и истрели. Експлозијата се случи во квартот Везнекилер, кој е омилен и кај туристите.
Во близина се наоѓа и Истанбулскиот универзитет, како и голем трговски центар. Автобуската станица ја користат студентите на овој Универзитет.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во последно време во Турција повеќе напади извршија курдски бунтовници, припадници на екстремистичката организација Исламска држава, како и радикални левичари.




