Марија Шарапова ја шокираше светската спортска јавност кога на почетокот на месец март соопшти дека паднала на допинг тест за време на Австралија опен, признание со кое всушност беше започната истрагата против поранешната најдобра светска тенисерка и освојувачка на пет грен слем турнири.
По тримесечното чекање, ова попладне и официјално пристигна потврда за примерната суспензија на Русинката, која од првите луѓе на Интернационалната тениска федерација дозна дека ќе мора да направи пауза од тениските терени во рок од две години поради користење на недозволената супстанца мелдониум.
– Независиот суд назначен според членот 8.1 од тенис програмата за анти-допинг, докажа дека Марија Шарапова го прекршила анти допинг правилото според членот 2.1 од законот. Како последица на ова, таа е дисквалификувана од било каков настап во наредните две години, а времетраењето на суспензијата стартува од 26 јануари оваа година, – стои во официјалното соопштение на ИТФ.
„Не ги прекршив намерно правилата. Неможам да ја прифатам двогодишната суспензија. Ќе поднесам жалба на одлуката на судот за арбитража и спорт“ – рече Шарапова после суспензијата.
Изјава на Шарапова во март кога беше објавено дека користела допинг