Добитничката на Оскар е позната по тоа што ја поддржува Хилари Клинтон, а овој пат можевме да ја видиме во улога на контраверзниот републиканец Доналд Трамп.
Актерката облече црно одело, бела кошула и црвена вратоврска, во класичниот Трамп стил, а стави и додаток во стомакот за да изгледа дека има голем стомак како американскиот политичар и бизнисмен.
На лицето имаше нанесено темна пудра во портокалова нијанса, а на главата перика која потсеќа на карактеристичната фризура на Трамп.
Стрип настапи изведувајќи ја “Brush Up Your Shakespeare” заедно со американската актерка Кристин Барански, на манифестацијата посветена на Вилијам Шекспир, која секоја година се одржува во Њујорк.