Србија утрешниот ден го прогласи за ден на жалост поради незапаметениот масакр, во Велика Иванча, каде Љубиша Богданивиќ уби 13 луѓе, меѓу кои и неговото две годишно дете.
Шеесет годишниот Љубиша влегол во пет куќи и пукал во своите роднини. .
Директорот на полицијата Милорад Вељновиќ вечерва изјави дека и покрај увидот не се знаат мотивите за денешниот масакр.
Тој најави дека дред два месеца е направен нов нацрт Закон за оружје и муниција кои деновиве треба да се најде во Владата на Србија.
-Овој Предлог Закон предвидува во иднина секој што ќе чува оружје да подлежи на лекарски преглед на секои три до пет години изјави Вељновиќ.
Во денешниот масакр Богдановиќ на спиење ги уби неговата мајка и синот, како и 11 роднини.
Во неговиот здравствен картон, немало сериозни болести, само дека еднаш е каснат од стршлен. Пред да почне да убива на својата сопруга и рекол: „За нас веќе нема живот“ пишуваат српките медиуми.
Потоа започнал да влегува од куќа во куќа кај своите роднини кои спиеле мирно со незаклучени врати, не претпоставувајќи дека таа ноќ ќе им биде последна во животот.
Од Здравстевниот дом информираат дека Богдановиќ никогаш не се лекувал на психијатрија, но неговиот чичко и уште еден близок роднина биле со психички растројства. Медицинската експертиза и истрагата треба да покажат што всушност се случило и кој бил мотивот за овој грозоморен чин.