Јужна Кореја денеска соопшти дека побаралa од Кина, како најголем сојузник на Северна Кореја, да се заузда државата и го зголеми својот надзор откако Северна пресели најмалку еден проектил во потполна подготвеност за можно лансирање.
Адмиралот Семјуел Локлир, командант на американските сили во регионот Пацификот, рече дека американската војска верува дека Северна Кореја пренела неодреден број на проектили на својот источнен брег.
Официјален претставник на администрацијата на Обама, говорејќи под услов на анонимност, изјави за Ројтерс дека”нашата претпоставка е дека постојат два проектила и дека тие можат да бидат подготвени да бидат лансирани”, што е во согласност со извештаите на јужнокорејските медиуми.
Северна се заканува на САД и на нејзината “кукла” Јужна Кореја речиси секојдневно во последниве неколку недели, иако заканите изгледа дека се насочени кон делумно зајакнување на внатрешна поддршка за младиот лидер Ким Јонг-Ун.