Published: Saturday, June 11, 2016 13:43
Илјадници луѓе денеска се излезени на улиците во Лондон за да бидат дел од прославата на роденденот на Кралицата Елизабета II, но нивните очи ќе бидат вперени во една друга личност.
Принцезата Шарлот за прв пат ќе се појави на балконот на Бакингамската Палата, кога кралското семејство оттаму ќе ја гледаат парадата на авионите на Ројал Аир Форс.
Ова ќе биде прво појавување во јавноста на малата принцеза, а првата нејзина слика со Кралицата Елизабета II беше објавена на специјалниот кралски портрет во април на кој беа Кралицата и нејзините внуци и правнуци.
Претходно денеска Кралицата присуствуваше на церемонијата наречена Horse Guards Parade, каде имаше 1400 војници, 200 коњи и повеќе од 400 музичари.






