Најмалку 20 луѓе се убиени во вооружен напад на неидентификуван маж во клубот Пулс во центарот на Орландо, Флорида.
Напаѓачот, според полицијата е убиен, откако држел во заложништво неколкумина од гостите на на забава на ЛГБТ заедницата во Орландо. Неофицијално, во нападот чиј повод се уште е непознат, убиени се најмалку педесет лица.
Полицијата подоцна го идентификува разјарениот напаѓач. Станува збор за 29 годишниот Омар Матеен од Порт Сент Луси на Флорида, место оддалечено повеќе од 100 милји од масакрот. Неговото семејство е од Авганистан, додека за Матеен се верува дека е роден во Америка.
Полицијата соопшти дека се работи за терористички инцидент и дека напаѓачот бил добро организиран и подготвен. Со себе имал пушка и пиштол.
Според прелиминарните извештаи најмалку 40 лица се ранети, вклучувајќи и еден полицаец.
Еден од посетителите, кој во моментот на нападот се наоѓал во просторијата, на социјалните мрежи објавил снимка од нападот на која може да се видат повредени на кои им била укажувана помош на лице место.
Очевидци изјавуваат дека нападот бил со автоматска пушка.




