Бројот на загинати во масакрот во Орландо, Флорида, се искачи на педесет, а исто толку се повредени.
Полицијата го идентификува напаѓачот, кој беше убиен во престрелката. Станува збор за 29 годишниот Омар Матеен од Порт Сент Луси на Флорида, оддалечено повеќе од 100 милји од местото на масакрот. Неговото семејство е од Авганистан, додека за Матеен се верува дека е роден во Америка.
Полицијата соопшти дека се работи за терористички напад и дека напаѓачот бил добро организиран и подготвен. Тој во овој убиствен поход со себе имал пушка и пиштол.
Според СНН, денешниот напад е најголем домашен терор во историјата на САД, со најголем број на жртви, по пукањето во Вирџинија Тех во 2007 година и Сенди Хук основното училиште во 2012 година, каде 32 беа убиени, а 27 ранети.
Нападот се случи во клубот Пулс во Орландо на Флорида, во раните утрински часови во недела по локално време. Напаѓачот, пред да биде убиен од полицијата, еден час држел во заложништво десетици од гостите на забава на ЛГБТ заедницата во Орландо.
Засега официјално не е познат мотивот за оваа трагедија на Флорида, поради која во државата има засилени безбедносни мерки и е подигната борбената готовност.