Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Домашните граѓански организации со осуда за масакрот во Орландо

0
By Сашка Цветковска on June 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 13, 2016 16:21

Ја изразуваме нашата згрозеност и неизречиво жалење по повод вчерашниот напад врз геј клубот ПУЛС во Орландо, Флорида, во кој животот го изгубија 50, а сериозно ранети беа уште 53 ЛГБТИ луѓе во Америка. Го изразуваме нашето сочувство кон сите пријатели, партнери и семејства на загинатите, кон сите нехетеросексуалци во Орландо и САД кои по среќа на случајот не се најдоа во ПУЛС вчера, но кои во овој напад го гледаат одразот на долгоодржуваната омраза и насилство врз сексуалните и родовите малцинства. Трагедијата што го шокираше светот вчера мора да биде именувана со вистинските зборови и разбрана во нејзината комплексност и историја. Станува збор за напад кој е одраз на историски и глобално креираната и одржувана хомофобија.

Слика на долготрајните процеси на дехуманизација што го прават можен лудачкиот чин на ладнокрвно убивање на 50 луѓе, и пукање во уште толку други. Исход не само на радикалната страна на религиозното и фундаменталистичкото насилство, туку и на државното и системско насилство со кое се соочуваат нехетеросексуалците во Америка и речиси секаде во светот. Ова е првенствено хомофобичен напад. И не смееме да заборавиме, хомофобијата НЕ Е ментална болест, ХОМОФОБИЈАТА Е ИСХОД НА ИСТОРИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНО, ПОЛИТИЧКО И КУЛТУРНО НАСИЛСТВО НА ЦЕЛ ЕДЕН СИСТЕМ, кое слободно можеме да го наречеме ХЕТЕРОФАШИЗАМ.

Но, од друга страна, како акт на насилство кој се поврзува, дали како индивидуална инспирација или пак организирана акција, со ИСИС, овој чудовишен злостор е исход и на геополитичките инвазии на западниот капитал и наследството на империјализмот кое до ден денес се повторува во најразличните квазихуманитарни инвазии на „Западот“ врз земјите од „Истокот“. Токму затоа овој хорор мора да го гледаме и низ призмата на геополитичката насилна реторика на „заб за заб“, на магичниот затворен круг на акција-реакција во кој единствениот исход се насилството, страдањето и смртта. И затоа, сега кога жалиме, мораме да сфатиме дека бесното интервенистичко и одмаздничко насилство не смее да биде реакција на оваа загуба и трагедија.

Додека жалиме, не смееме да се препуштиме ниту на фантазмот за сигурност обезбедена преку еректирањето на милитантниот и патерналистички државнички апарат преку суспендирањето на законот, селективното и расистичко таргетирање на одредени популации и укинувањето на универзалните човекови права на сите граѓани, како што засведочивме во реакциите на западните држави после претходните терористички напади потпишани од ИСИС. Нашето жалење во овој момент, нашата ранливост со која сме соочени мора да создаде поинакви политики, политики на грижа, на солидарност, на поддршка, а не политики на напад, окупација и насилство. Во оваа искусена ранливост и изложеност, тешките бариери помеѓу религијата, расата, етницитетот и нацијата мора да бидат надминати и да станат извор на алијанси за отпор против секое насилство. Ништо не може да ги надокнади или да даде утеха за изгубените животи.

Нема зборови кои ја изразуваат оваа загуба и болката низ која проаѓаат најблиските на загинатите, нивните пријатели и нивните соборци. Но, скаменети во болка повикуваме на солидарност, но и гнев и отпор против насилството врз сите луѓе и врз ЛГБТИ луѓето кои се најдиректно и недвосмислено нападнати во овој момент. Овој свет мора да се смени, и сите ние мораме да бидеме дел од таа промена. Доста е со омразата, доста е со насилтвото! Доста е со фундаментализмот, па каков и да бил, од каде и да доаѓа!

Коалиција СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛЗИИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ЛГБТИ Центар за поддршка – Хелсиншки комитет на Република Македонија

масакр Орландо хомофобија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.