Четири дена по одлуката за укинување на мерката куќен притвор, членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, се уште го чекаат писменото решение за укинување на мерката.
-Ова станува кафкијански. Мерката беше укината пред четири дена, и најавија за денеска дека ќе добиеме решение и уште чекаме. Ова е психолошко малтретирање, дури и сега ако излеземе надвор се смета дека сме го прекршиле куќниот притвор, вели Здравко Савески за НОВА.
Од Кривичниот суд за НОВА потврдија дека денеска истекува рокот за жалби по одлуката за укинување на куќен притвор и полицијата ќе биде известена за правосилноста на одлуката.
Се до објавување на овој текст, демонстрантите не се на слобода и немаат добиено никакво известување од полицијата.
Савески и Куновски се обвинети со учество во толпа која извршила кривично дело демолирање на Канцеларијата на Иванов, а време на антивладините протести на 14. април.
На последното рочиште во судот, нивните адвокати приложија имотен лист од Народната канцеларија, според кој просторот не е во сопственост на Република Македонија и според кој тие тврдат дека државата да бара оштета.
-Дадоме приговор на вештачењето, затоа што сметаме дека вештачењето е направено од неовластено лице. Не може државнито правобранител самостојно да изготвува вештачење без наредба од обвинител. Друга работа за коај приговараме е сопственоста на тој простор. Согласно имотните листови, сежи, извадени пред два часа, нигде не стои дека сопственик на Кацеларијата на Претседателот е Република Македонија. Епа како сега РМ бара штета, освен за столовите и подвижнит епредмети, туку и за градежните работи кога не се јавува како сопственик?, рече адвокатот Сашко Дуковски.
Од судот посочија дека ќе им треба дополнително време, бидејќи ќе треба да се прибави и договорот за закуп на Канцеларијата на Иванов, со цел да може да се докаже дали таа е во државна сопственост или во приватна.
Главната расправа е закажана за 6. јули.




