Словенечкиот уставен суд го прогласи за неуставен Законот за наследство, кој што не предвидува право на наследство на починат партнер во долготрајни животни заедници меѓу припадници на ист пол, какво што имаат и партнерите кои живеат во вонбрачна зедница.
Судот утврдил дека сегашниот закон ги дискриминира правата на хомосексуалните парови, законодавецот мора тоа да го поправи во рок од шест месеци.
Словенечкиот активист Митја Блажиќ ја нарече одлуката „историска“ и предложи правната дискриминација на истополовите парови, која е присутна и во другите области, да се реши системски, генерален закон од кој би било јасно дека социјалните права не се врзани за половата ориентација.