Градоначалникот на Токио денеска поднесе оставка по повеќенеделните обиди да ги оспори обвинувањата за злоупотреба на службената положба.
Јоичи Масузое се најде на жестоки критики во Собранието на префектурата Токио поради наводно користње на државни пари за лични потреби.
Според јапонските медиуми, оставката ќе стапи на сила на 21 јуни. Претходно тие објавија дека тој во текот на работните посети во Европа и САД престојувал во скапи хотели на сметка на јапонските даночни обврзници и дека користел службено возило за редовните приватни викенд патувања.
Масузое е поранешен министер за здравство и до функцијата прв човек на Токио дојде со многу лесна победа на локалните избори во февруари 2014. и едно од ветувањата беше успешно одржување на Олимпијадата во 2020 година, чиј домаќин е Токио.
Подготовките на Олимпијарада уште од старото беа погодени од низа скандали во врска со новиот национален стадион, официјалното лого, како и обвинувања за подмитување во процесот на добивање на организацијата.
Масузое ги критикуваше високите трошоци за организација и успешно лобираше некои натпреварувања да се поместат во постоечките објекти, наместо да се градат нови.




