Published: Friday, June 17, 2016 10:09
Најмалку тројца луѓе загинаа и двајца пожарникари се водат како исчезнати во пожар што зафати фабрика за мебел во предградие на Москва.
За гаснење на пожарот што зафати преку 3.700 квадратни метри и предизвика уривање на кровот на фабриката беа ангажирани 120 пожарникари.
Пожарот изби синоќа во еднокатна зграда на фабрика за мебел што е во сопственост на италијанската фирма „Модер“. Процените се дека на пожарникарите ќе им треба најмалку уште еден ден за да го изгаснат во целост пожарот за кој засега нема информации од што бил предизвикан.




