Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватскиот сабор му изгласа недоверба на премиерот Орешковиќ

1
By Нова ТВ on June 17, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 17, 2016 10:34

Пратениците од Хрватскиот парламент со огромно мнозинство гласови му изгласаа недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ, со што автоматски предизвикаа и пад на владата и можност за одржување вонредни парламентарни избори.

125 пратеници го поддржаа предлог за отстранување на Орешковиќ, 15 беа против а 2-ца беа воздржани. Изгласаната недоверба за премиерот Орешковиќ е кулминација на длабоката политичка криза и жестокиот судир меѓу коалиционите партнери, Хрватската демократска заедница и движењето МОСТ.

Кризата во односите ХДЗ-МОСТ ексалираше по обвинувањата за конфликт на интерес против потпретседателот на владата и лидер на конзервативците, Томислав Карамарко, заради бизнис врските на фирмата во која работи неговата сопруга со Јосип Петровиќ, познат лобист на унгарската нафтена компанија МОЛ, која е во судски процес со хрватската држава заради спорот околу хрватска нафтена компанија ИНА.

Орешковиќ во своето обраќање истакна дека права причина за соборување на неговиот кабинет е што поради заштита на националните интереси почнал да работи на решавање на спорот Ина-МОЛ со арбитража и отпочнал нови преговори, а тоа на некого не му одговарало.

– Не е тајна дека моите ставови околу Ина, ЛНГ и енергетскиот сектор важно се разликуваат од ставовите на некои членови на владата и дека цврсто ги бранев бидејќи длабоко сум свесен за важноста на Ина и за енергетскиот сектор што ја имаат за нашата економија и се борев да ги заштитам нашите витални интереси, посочи Орешковиќ.

Со падот на владата почнува да тече уставниот рок од 30 дена во кој парламентарните партии би можеле да се обидат да формираат ново мнозинство и да именуваат нов премиер и влада.

Ако не успеат, претседателот на Собранието го известува претседателот на Хрватска дека веднаш ќе го распушти хрватскиот парламент и ќе повика на парламентарните избори, кои може да се одржат не порано од 30, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

Најавено е дека претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ  ќе почне консултации со парламентарните партии денеска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.