Во неделниот блог избор, НОВА ви го презентира фото-блог сторијата преземена од АНФАС Блог
Споменикот на Цар Самоил се распука долж неговото торзо. Постаментот од споменикот на Андон Ќосето се искрши и огромно парче падна на земја. Пиштолот на Чакаларски се свитка или од жешкото време или зашто е лесно достапен до минувачите за секој да може да го свитка. Спомениците на Гоце и Даме се ронат и водата што тече од нив кога врне има сивкатно-црна боја, а самите споменици позеленуваат. И тоа ова почна да се случува само неколку месеци по нивното поставување.
„Скопје 2014“ допрва ќе го плаќаме – што преку одржување, а што преку клесање или леење на нови споменици за да се заменат старите кои забрзано се распаѓаат.