Јапонските производители на автомобили Хонда, Нисан, Тојота и Мазда денеска објавија дека повлекуваат околу 3.4 милиони коли заради дефекти на воздушните перничиња, јавува Си-Ен-Ен, која првично објави ударна вест само за повлекувањето наТојота.
Тојота повлекува 1.7 милиони низ светот, вклучувајќи ги популарната Корола, Матрикс и Камри моделите. Хонда повлекува 1.1 милион автомобили.
Нисан повлекува 480.000 коли, додека Мазда 45.000.