Холандските власти повлекоа од пазарот околу 50.000 тони месо кое е пуштено да се продава во Европа, поради стравување дека во него има коњско месо.
Месото е повлечено затоа што не може точно да се утврди од каде е потеклото, соопштува холандската агенција за храна.
Со оваа мерка ќе бидат погодени околу 130 компании од Холандија и 370 во други европски земји.
Нема докази дека месото на било кој начин е штетно по здравјето на луѓето, велат од холандската агенција.
Сепак инспекторите кои ги проверуваат архивите на холандските трговски друштва заклучија дека потеклото на месото не е јасно и не е можно да се потврди дека кланиците ги спровеле сите прописни процедури.
Дел од месото е извезено во Германија, Франција и Шпанија, а властите на овие држави се известени за оваа ситуација.
ДНК од коњско месо е пронајдена ширум Европа во бројни смрзнати јадења од говедско месо.