Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска пристигна во Јужна Кореја, на разговори со државниот врв во Сеул за кризата на Корејскиот Полустров.
Според Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, посетата на Расмусен е добра можност за НАТО да ја покаже подршката за мирот и стабилноста во тој регион.
Расмусен е прв генерален секретар на НАТО кој ја посетува Јужна Кореја, а неговиот три-деневен престој таму бил планиран пред актуелните тензии на Корејскиот Полуостров.
Оваа посета е одамна планирана и ќе биде главно посветена партнерството меѓу НАТО и Јужна Кореја која учествува во операциите во Авганистан, изјави официјално лице на НАТО во Брисел. Околу 350 јужнокорејски војници во моментов се распоредени како дел од мисијата ИСАФ.