Published: Monday, June 20, 2016 18:23
Римјаните ја избраа Вирџинија Раги за прва девојка градоначалник на италијанската престолнина.
– Со нас почнува нова ера, рече Раги, прогласувајќи победа.
Таа се обврза на транспарентност на градските институции.
Раги ја опишуваат адвокат кој направила голем скок од анонимност до огромна политичка сила за само неколку месеци.
Победата на Раги и партијата М5С сега според аналитичарите, може да биде платформа за преземање на власта од Матео Рензи.
Во вториот круг од изборите инаку учестуваа над 9 милиони гласачи од 126 комуни.
Рим е иначе град задолжен со 13 милијарди евра или два пати повеќе од годишниот буџет. Римјаните се фрустрирани од дупките по улиците, јавниот превоз и недостатокот од сместувачки капацитети.




