Во рамки на „Скопско лето 2016“ вечер во Македонската опера и балет, концерт насловен „Хиџаз 2“ ќе одржи Џенгис Ибрахим на инструментот канун.
На програмата се повеќе дела на Хиџаз Таксим, Шех Садеттин С`рри, Наргиле, Мартнем, Осман бег, Дебрели Хасан, 1001 ноќ и други.
Џенгиз Ибрахим е роден во Скопје. По дипломирањето на Факултетот за музичка уметност, магистрира на Институтот за фолклористика „Марко Цепенков“ на стари турски музички инструменти. Ги свири сите источни инструменти, а главен инструмент му е канон, ут и сазот. Работел како музички уредник и водител на музички емисии во МРТ, а соработувал со повеќе музичари од земјата и од странство и учествувал на многу музички фестивали.
Ибрахим го реинкарнира румалискиот мелос и води музички разговор меѓу културите во светот. Има компонирано музика за театар меѓу кои и музиката за претставата „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар Скопје, а исто така е автор и изведувач на музиката за балетот „Врати“ во продукција на МОБ. Има издадено четири музички албуми.
Идните студии на Џенгиз Ибрахим ќе бидат насочени кон истражувањата за канонот.