Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шерлок Холмс во кампањата за останување на Британија во ЕУ

0
By Нова ТВ on June 23, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2016 11:30

Околу 250 од британските најпопуларни актери, музичари, уметници и писатели дадоа поддршка на кампањата за останување во Европската унија.

Бенедикт Камбербач, актерот од серијата „Шерлок“ е дел од оваа уметничка унија која се потпиша на писмо во кое ги охрабрува гласачите да гласаат за ЕУ.

„Од најмалата галерија до најголемиот блокбастер, многу од нас работеле на проекти кои никогаш немале да се случат без фондовите на Европската унија или без соработка со актери од другите држави, пишуваа тие во писмото пратено пред неколку недели.

„Британија не е само посилна во Европа, туку и поимагинативна и покреативна, а нашиот глобален креативен успех ќе биде значајно ослабен со излегувањето од унијата“.

Режисерите Сем Тејлор-Џонсон, Дени Бојл, актерката Хелена Бонам Картер и актерот Доминик Вест, исто така, се поттпишаа на ова писмо.

„Од Шекспир до Боуви, британската креативност инспирира и влијае на целиот свет“, се вели во писмото. „Ние веруваме дека тоа што сме дел од ЕУ ја зацврстува нашата водечка улога на светската сцена.

По објавувањето на писмото наа  20 мај, по неколку дена премиерот Дејвид Камерон објави дека 94 проценти од припадниците на креативните индустрии сакаат да останат во Европската унија. Со вклучувањето на познати лица од оваа индустрија, кампањата „Внатре во ЕУ“ се надеваше да го зајакле нивниот аргумент дека останувањето во ЕУ не е само ограничено на економскиот и политичкиот импакт.

Џон Камфнер, извршниот директор на Креативната федерација на индустрии на Британија изјави дека без финансиската поддршка од европските фондови некои од најголемите филмски глобални хитови и добитници на Оскар не би биле никогаш снимени.

„ЕУ обезбеди финансирање на големи филмови како Slumdog Millionaire, The Iron Lady и The King’s Speech. Од друга страна, британската креативна индустрија е клучна за начинот на кој не гледа светот, а на нашата економија и носи 84,1 милијарда фунти.

Денеска околу 46 милиони гласачи излегуваат на референдум да се изјаснат дали се за останување или за излегување од Европската унија. Ова е прв референдум во Британија во изминативе над 40 години што е поврзан со Унијата. Анкетите покажуваат дека двата табора се со изедначени шанси за успех, а клучна ќе биде излезноста.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.