Published: Friday, June 24, 2016 14:19
Американскиот претседателски кандидат Берни Сандерс изјави дека ќе гласа за својот демократски контра-кандидат Хилари Клинтон, пренесе Ројтерс.
Запрашан за тоа дали би гласал за Клинтон во ноември, Сандерс за MSNBC телевизија одговори: „Да. Овде прашањето е дека ќе направам се што можам за да го победиме Доналд Трамп. Мислам дека Трамп на многу начини ќе биде катастрофа ако биде избран за претседател“.
Клинтон ја зграпчи партиската номинација на почетокот од јуни. Иако Сандерс рече дека ќе работи со Клинтон за да го победат Трамп, републиканскиот кандидат, тој се уште ја одржуваше својата изборна кампања во живот.




