Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанија повторно на избори, исходот тотално неизвесен

0
By Нова ТВ on June 26, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 26, 2016 10:34

Шест месеци во парламентарните избори во Шпанија, кралот Фелипе VI повторно распиша избори за да и помогне на земјата да излезе од политичкиот ќорсокак. Над 30 милиони гласачи се повикани да изберат нов Парламент на тринесеттите избори по воведувањето на демократијата во Шпанија.

На изборите од декември 2015 година гласачите избраа фрагментиран Парламент помеѓу четирите големи политички партии: конзервативната Народната партија на Маријано Рахој, социјалистите на Педро Санчез, левата Подемос на Пабло Иглезиас и либералите од Кудаданос на Алберт Ривера. Во текот на шест месеци партиите не успеаа да формираат Влада.

На самиот на ден на изборите неизвесноста е тотална и се стравува дека и овие нови избори нема да донесат појасна слика. Шпанија се наоѓа во институционална блокада.

Можно е денес да победи актуелниот премиер Рахој. Но со оглед на неговата изолираност и неспособноста да креира нова Влада, оваа победа би била стерилна. Името на Рахој се појавува во повеќе корупциски случаи

Клучот на решението најверојатно го држи социјалистот Санчез доколку се согласи на голема коалиција со десницата. Но проблем е што неговата партија тоа не го сака. Особено не денес кога зад Народната партија стојат корупциски афери и незадоволството на Шпанците од економската криза.

Можна би била и коалиција со левата Подемос, која освои 20.6 отсто гласови во декември, но социјалистите сметаат дека ова ново политичко движење во Шпанија има за цел да им го земе местото и да ги маргинализира. Подемос одби да влезе во коалиција со социјалистите и гласаше со десницата за да го спречи доаѓањето на власт на Санчез.

Популарноста на Подемос е во постојан пораст. За два години постоење Подемос стана третата политичка сила во Шпанија.

Конечно можно е ова ново гласање да не успее да ја реши политичката неизвесност и во Шпанија веќе се шепоти дека се можни и трети избори во декември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.