НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај и почеток на Европската унија

0
By Светлана Јовановска on June 26, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денот на брегзитот во ЕУ институциите во Брисел имало многу солзи и тага. Единствен победник, велат добро информирани извори, биле палома марамчињата. Солзите престанаа. И кризата почна.

Како што е добро познато, секоја криза е шанса за нов подобар почеток. Од секоја криза мудрите извлекуваат лекции. Затоа, брегзитот може да биде добра работа. Сега ќе можеме да видиме на дело дали во ЕУ постојат мудри политичари. До кои конечно ќе допре пораката на граѓаните.

Мудрите политичари знаат дека победата на брегзитот е победа на незадоволните од оваа денешна Европска унија. Реакционерната конзервативна десница и екстремната десница, која пред народот се претставува во ново модерно, прифатливо руво, успеа да ги привлече гласовите на овие луѓе. Давајќи лесни одговори на комплексните прашања што ги поставува ова ново столетие. Нејзините одговори се атрактивни и народот одговара со кренат палец.

За жал, европските политичари не сакаат да ја чујат пораката што упорно и со години им ја упатуваат гласачите: Европејците повеќе не сакаат ваква ЕУ. Не сакаат Унија која ги игнорира нивните повици за помош.

Може да се каже дека се почна уште во 2005 година кога Французите и Холанѓаните и рекоа “не” на предложената Европска уставна повелба. Пред една година Грците и рекоа “не” на економската политика кон која ги турка ЕУ. Годинава Холандија рече “не” на договорот помеѓу ЕУ и Украина.

Политичарите се правеа глуви. Наместо да ја слушнат пораката што ја упатуваше мнозинството граѓани, тие набрзина склопуваа нови договори и измислуваа процедури, далеку од очите на јавноста, кои им дозволуваа да го усвојат она што граѓаните го одбиле. Без да одговорат на легитимната граѓанска загриженост.

Граѓаните оваа однесување го протолкуваа како отфрлање на демократијата од страна на луѓето избрани да ја практикуваат демократијата.

Економската криза од 2008 година, со барањата за штедење кои политичарите главно не ги применуваа на себе, само го зајакна презирот на гласачите кон нивната елита.

И така дојдовме до Ле Пен во Франција, Вилдерс во Холандија, екстремните десници кои направија силен пробив во Словачка, Данска а за трошка Австрија избегна екстремно десен претседател. Или во поблага варијанта ги имаме Орбан во Унгарија, Качински во Полска, Фараџ во Велика Британија. И да не зборуваме за Балканот каде популизмот најде плодна почва.

Разочарани од бирократската инeртност и ароганција на европските политички елити, Европа вклучително Балканот, се вртат кон лесните одговори на популистите.

По брегзит референдумот ништо повеќе нема да биде исто. Без разлика дали Велика Британија еден ден навистина ќе излезе од ЕУ.

Брегзитот означува крај на актуелната Унија, онаква каква што ја знаеме и од која премногу често сме разочарани. И тоа е добра вест.

Оваа Унија од 21 век не успеа да реши ниту една криза. Ни грчката, ни бегалската, ни економската, ни терористичката, ни македонската и ниту една балканска. Наместо да покаже лидерство, оваа Унија ги потхранува сите национализми и популизми со нејзиниот иритирачки егоизам и недостиг на вистински заеднички проект за целиот континент.

Време е да се врати политичката демократска Унија, онаа која со ентузијазам се прошири кон исток и која ни вети дека ќе не прими. Онаа која им помогна на Шпанија и Португалија да се ослободат од диктатура. Онаа која не се плашеше да тргне по опасниот пат на заедничка европска валута. Онаа која ја воведе Шенген зоната и овозможи слободно патување. Онаа која е заслужна што денешните млади Европјани се чувствуваат како дома во секоја од земјите членки.

Денешната Унија, со својата пасивност, бирократија и страв од загуба на избори, може да ги загуби и придобивките. Неодамна за малку ќе умреше еврото а приказната можеби и не е сосема завршена. Шенген зоната е во опасност од страв од неколку илјади бегалци. Сликата што ја проектира оваа Унија е жална.

Европскиот концепт е најубавото нешто што му се случило на овој континент низ неговата долга историја. Никогаш во европската историјата немало толку долг период на мир и просперитет.

Денешната Унија има прекрасна реторика и добри намери. Според старата мудрост, патот до пеколот е поплочан со добри намери. Патот до пеколот може да биде кус ако Унијата не најде политичка храброст да им стави крај на економската нееднаквост, политичкиот екстремизам и социјалната нетолеранција. Ако не најде сила да го продолжи проширувањето и да биде кредибилна во тој потфат.

Спротивното било трагично не само за оваа Унија туку и за нас на Балканот.

брегзит Европска унија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.