Поглаварот на Римокатоличката црква, Францис вели дека христијаните треба да побараат прошка од геј-заедницата.
– Геј-заедницата не треба да биде дискриминирана. Тие треба да бидат почитувани, порача Папата пред новинарите за време на своето враќање од Ерменија.
„Мислам дека Црквата не само што треба да им се извини на геј луѓето кои ги има навредено, туку и на сиромашните исто така и на експлоатираните жени и деца. Таа треба да се извини и за дозволата на толку многу оружје“.
Според Црквата, хомосексуалноста не е грев, но хомосексуалните дејствија се.
– Прашањето е ако една личност која е во таа состојба, а има добра волја и се огледува на Господ, тогаш кои сме ние да судиме?, вели папата Францис.
Првиот човек на Римокатоличката црква во неколку наврати е потенциран како разумна личност од ЛГБТ заедницата, а од друга страна критикуван од католиците бидејќи неговите изјави биле двосмислени кога станува збор за сексуалната моралност.
Папата Францис пред новинарите го даде своето размислување и за Брегзит. Според него, Европската унија треба да размисли за нова послободна форма.




