Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер излезе со повик до властите на Србија да го прифатат предлогот на Брисел за нормализирање на односите со Косово, како и за продолжување на дијалогот со Приштина.
„Ја повикуваме Србија да ја искористи таа можност, бидејќи сакаме да видиме дека ги исполнува условите за почеток на преговорите со ЕУ“, изјави Рикер за време на посетата на Загреб.
Рикер потсети на ставот на Стејт Департментот дека дебатата за меѓународните кривични судови во Генералното собрание на ОН што ја покрена претседавачот Вук Јеремиќ се претворила во неурамнотежена и подбуцнувачка полемика против Хашкиот трибунал.