„Зошто сте тука?“ Вакво прашање му упати претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на пратеникот во Европскиот парламент Најџел Фараж, лидер на британската десничарка Партија за независност на Обединетото кралство, која се залагаше за излез на Британија од ЕУ.
– Ова е последен пат што аплаудирате тука, им се обрати Јункер на британските евро пратеници на шега, а неговиот коментар беше проследен со громогласен аплауз и смеење, додека Фараж седеше до него, за време на итната седница во Брисел посветена на ситуацијата по британскиот референдум за Брегзит.
– До некаде сум изненаден што сте тука, продолжи Јункер, на што доби одговор од британските претавници дека им е задоволство.
-Вие се борите за излез, британскиот народ гласаше за излез. Зошто сте тука?, рече Јункер.




