Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими побара повторно да се стават на дневен ред двата приговори од ВМРО – ДПМНЕ за гласањето во Струга, бидејќи биле донесени незаконски.
Овој предлог беше одбиен од страна на останатите членови на Комисијата.
Потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи од ДУИ, повика членовите на ДИК да се однесуваат сериозно и да престанат да дигаат рака по етничка основа.
„Во спотивно јас нема да ви дозволат да ги усвоите преостанатите преговори“, изјави Јакупи.
„Да ги отвориме гласачките кутии и да видиме дали има нерегуларности на гласачките места. Се ќе се види, ќе видат и јавноста и меѓународната заедница и граѓаните дали имало нерегуларности, изјави Јакупи кој исто така најави дека по службена должност ќе бара отворање на сите гласачки кутии за Струга бидејќи, како што рече, веќе нема доверба во ОИК и во избирачките одбори“.
Тој, како што рече, не сака да учествува во анархија и непочитување на законите и Уставот.
Тој предходно рече дека членовите на ДИК не се по должност избрани да манифетираме партиотизам. „Овде сме поставени правно да одлучуваме“, вели Јакупи.
Доцна синоќа ДИК разгледа 4 приговори, од кои 2 се одбиени, а 2 усвоени. Приговорите се поднесени од ВМРО- ДПМНЕ во врска со изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга.
ВМРО- ДПМНЕ за нерегуларности во вториот круг локални избори во Струга поднесе 17 приговори.
Откако ќе бидат разгледани преостанатите 13 приговори за Струга, ДИК треба да ги разгледа и 252-та приговори на СДСМ за гласањето во 15 општини.