Published: Wednesday, June 29, 2016 19:59
Прешлашените патници се криеја зад столбовите и трчаат наоколу. Во моментот кога напаѓачите почнуваат да пукаат и да и детонираат експлозивите на аеродромот во Истанбул, луѓето забрзано трчаа да стигнат што подалеку од хаосот.
„Има бомба, бегајте“, патниците трчајќи се предупредуваа едни со други. „Некој доаѓа со пиштол“.
Тројца вооружени терористи со бомби и пушки убија 41 човек (според последните бројки), а бројот на повредени е над 160. Двајца од терористите за време на самоубиствениот бомбашки напад се наѓаа на меѓународниот терминал, додека еден на паркингот. Оваа информација е споделена за CNN од страна на турско официјално лице.
За патниците кои се наоѓаа на аеродромот немаше многу време да најдат смисла за она што во моментот ги снајде и за ужасот кој следеше.
Паника насекаде
„Беше пекол“, вели Мина Аидинк во сведоштво за CNN. „Насекаде паника. Ние не ни разбравме дека е терористички напад во прво време“.
Вил Картер бил во делот за багаж кога почуствувал тресење од двете гласни експлозии.
„Беше доволно гласно да сфатите дека нешто сериозно не е во ред“.
По една минута тој ја почуствувал и третата експлозија. Овојпат тој вели дека видел бран од огнени топки во терминалот. Паника и врисоци ја исполниле просторијата кога тој и другите патници почнале да бегаат.
Една минута пред експлозиите Левентт Караоглан, вработен во аеродромо, вели дека ја прошол точно областа каде што експлодираше една од бомбите. Бил внатре во авионот кога ја слушнал детонацијата.
„Беше неверојатно силно иако бев внатре во авионот“, вели Караоглан. „Кога се вратив назад на аеродромот имаше дим насекаде, прозорците беа разрушени, а патниците трчаа насекаде“.
Тој панично почнал да ги бара своите колеги. „Колегите кои работеа на дескот за продажба на карти лежеа на земја и плачеа. Дел од моите пријатели се повредени“.
Вели дека сцените го прогонуваат. „Имаше ранети, имаше парчиња од нозе, раце насекаде“.
Преживеаните раскажуваат дека газеле низ стакла, низ остар дим , а крв се прелевала насекаде по подот, додека паѓале парчиња од речиси паднатиот кров.
„Како од сцени од филмови со катаклизми“ вели Лоренс Камерон.
Надвор од аеродромот очајни семејства чекаа да ги видат лицата на своите блиски. Униформите на турските полицајци беа цели крвави.






