НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентски пленум: Ливчето за гласање за студентски лидер е флаер

1
By Влатко Чаловски on June 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Точно напладне Студентскиот пленум ја започна блокадата на изборите за студентски лидер на УКИМ.

На Правниот факултет за време на гласањето дојде до жестока расправа меѓу претставници на Пленумот и изборната комисија на СПУКМ.

Студентскиот пленум уште еднаш укажа на нелегитимноста на изборите, посочувајќи прво, на гласачкото ливче на кое се гласа за студентски лидер, кое според нив повеќе наликува на флаер, нема печат и нема регистерски број, туку на него се испишани само имињата на кабндидатите.

Пултот за гласање е поставен на самата маса каде седи комисијата и единствено гласачката кутија е импровизиран параван меѓу гласачот и комисијата.

 

plenum1

Од Студентскиот пленум обвинуваат дека комисијата вопшто не ги легитимира студентите, ниту пак членовите на комисијата се легитимирале, кога тоа било побарано од нив.

Студентскиот пленум претходно побара изборите да се одложат пред да се случат какви било блокади.

„Овие избори се распишани од студенти кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат. На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот“, стои во повикот за бојкот на Студентскиот пленум.

Пленумци досега во повеќе наврати аплармираа за незаконитоста околу целата постапка за спроведување на студентските избори.Пред две недели тие упаднаа во просториите на Студентскиот Парламент со цел да добијат информации според кој Правилник се организирани изборите, зошто без избор и јавно истакнат оглас на сите матични факултети и  во сезона кога студентите се надвор од Скопје и немаат можност да гласаат.

Тие посочија дека рокот бил скратен за 10 дена, што според нив во таков кус рок невозможно е да се соберат 3 илјади студентски потписи за поднесувањ на кандидатура.

Актуелниот претседател на Студентскиот Парламент, чиј мандат е истечен пред две години, вели дека треба д аим се даде шанса на студентите да спроведат избори.

-Матичните факултети се посебни правни тела, јас не сум надлежен, можам само да кажам дека изборите се организирани согласно Статутот, сите имаа шанса да поднесат кандидатури и да се информираат соодветно со писмени барања, тоа е мојот коментар.

Писмено да се обратат за целата постапка беше одговорот на Спироски и во текот на расправијата со Пленумц, кога дел од членовите на Парламентот, ги обвинија студентите кои бараат одговори дека се платеници на СОРОС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.