НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КХВ молчи за преземањето на „Макпетрол“ од кипарската фирма

0
By Нова ТВ on June 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за хартии од вредност и натаму не излегува со став околу понудата за преземање на „Макпетрол“ од страна на оф шор компанијата „Балкан Петролеум холдинг лимитед“, јавува Плусинфо.

Законскиот рок во кој Комисијата треба да одлучи дали ќе ја одобри јавната понуда на „Балкан Петролеум“ истекува за само девет дена, на 9 јули. По ова, Комисијата треба во рок од десет дена да ја прифати или да ја отфрли понудата. КХВ досега не ја коментираше намерата, која ги подгреа сомнежите дека станува збор за обид за ткн. „непријателско преземање“.

Според Законот за преземање акционерски друштва, условите за едно вакво преземање се сложени, а компанијата-понудувач треба да исполни низа критериуми. „Балкан Петролеум“ до КХВ испрати известување за намера, што е првиот чекор во процедурата за преземање на акциите на Макпетрол. Уште еден куриозитет е тоа што „Балкан Петролеум“ веќе изрази подготвеност да плати цена од 25 000 денари по акција, иако тоа не е обврска на компанијата во оваа фаза од постапката.

Според упатените во ваквите процеси, случаи како овој се несекојдневни и ретки на нашата берза, но и каде било во светот. Улогата на Комисијата е клучна во надгледувањето и спроведувањето на сложената процедура. Во ваквите случаи, а особено имајќи го предвид профилот на компанијата која ја дава понудата, Комисијата секогаш треба да се води од заштитата на македонската економија, како и да го земе предвид пазарното учество на „Макпетрол“, велат познавачите.

Понудата, меѓу другото, треба да ги содржи следните елементи:

– На кои точно акции се однесува понудата

– Компанијата да понуди изјава сека понудата се однесува на сите акционери и дека секоја акција ќе биде купена според законските услови

– Рокот и начинот на плаќање на средствата, датумот на кој ќе започне да се реализира понудата

За Комисијата позитивно да одлучи, треба да исполнети следниве услови:

– Проспектот на понудувачот да биде комплетен

– Понудата да биде изготвена согласно законот

– Понудувачот да депонира средства или обезбеди банкарска гаранција во износ потребен за плаќање на сите акции што сака да ги купи

Според последниов услов, ако се претпостави дека „Балкан Петролеум“ ќе достави понуда за 25 проценти од акциите на Макпетрол, кои би ги купил по цена од 25 000 денари за акција, понудувачот во Комисијата за хартии од вредност би требал да депонира безмалку 12 милиони евра.

Како што веќе објавија медиумите во земјава, компанијата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ е всушност кипарска фирма со седиште во Лондон, зад која стои контроверзниот израелски бизнисмен Ури Бидер, познат по преземањето на романската рафинерија РАФО, која пропадна набрзо по преземањето.

Новата компанија, која бомбастично се обидува да влезе на македонскиот пазар на нафтени деривати, е основана на крајот на мај годинава, пред само еден месец.

Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.