Студентскиот парламент на УКИМ соопшти дека за нов претседател е избран Давор Поповски, кој беше кандидат за едно со Стефан Василевски.
Според СПУКМ од вкупно 5.264 гласови, Поповски освоил 3.851 гласови, додека Василевски 1.275, а 138 биле неважечки.
Соопштението од СПУКМ следи во вчерашните скандалози избори за студентски лидер, полни со нерегуларности, кои кулминираа со интервенција на ЕБР во текот на ноќта.
Во соопштението уште се наведува дека „изборниот процес се одвиваше во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување“.
– Воедно сакаме да упатиме остра критика и да го осудиме насилното однесување на Студентскиот пленум за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ.
Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење, се вели во соопштението од СПУКМ.
Еве што се случуваше вчера пред Студентскиот Парламент.