Францускиот Сенат го одобри законот кој ќе дозволи на двојките од ист пол права да влезат во брак и да посвојат деца, јавува Си-Ен-Ен.
Долниот дом веќе ја одобри легислативата.
Законот, за кој 10 амандмани беа направени во Сенатот, сепак, мора да оди преку второ читање во Народното Собрание и завршно читање во Горниот Дом.
Датумот за овие читања сеуште не е поставен.
Министерот за семејство Доминик Бериноти за Си- Ен-Ен изјави дека гласањето во Сенатот беше “прекрасна победа.”
Проширувањето на правата да стапат во брак и да посвојат деца од ист пол во Франција беше едно од изборните ветувања претседател Франсоа Холанд во кампања минатата година.
Левицата, којаја вклучува партијата на Холанд – Социјалистичка партија, доминира во Националното Собрание, каде што законот беше донесен со големо мнозинство во февруари. Партијата има само тесно мнозинство во Сенатот.
Сепак, законот има опозиција од страна на Римокатоличката црква, други верски групи и социјалните конзервативци, со огромен број на граѓани кои излегоа на протести во последниве недели.