Најмалку 50-мина се уапсени во координирана полициска акција спродена во балканските држави – Хрватска, Црна Гора, БиХ и Албанија.
Според првичните информации во Дубровник во аферата се поврзани и некои спортисти и угостители.
Најголем број од уапсените во полициската акција наречена „Шетач“ се од Хрватска, односно Дубровник и Загреб. Во Србија досега се уапсени 13 лица.
Оваа меѓународна истрага почнала пред неколку месеци, а резултирала денеска. Се уште се вршат претреси на повеќе локации.
Во акцијата за откривање на дилери на дрога запленети се вкупно 350 килограми сканк, пола килограм хероин и голема количина на оружје и експлозиви.