НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криминал, мафија, перење пари: Кој сака да го преземе Макпетрол

0
By Нова ТВ on July 4, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откриените офшор шеми и имињата на сомнителните бизнисмени кои стојат зад компанијата што се обидува да го преземе Макпетрол, деновиве ја брануваат македонската јавност.

Покрај Ури Бидер, сопственикот на Балкан петролеум холдинг лимитед, компанијата основана пред само 35 дена, посебно внимание привлекува името на Михаил Черни, долгогодишен партнер соработник на Бидер, објави а1 он. мк.

64-годишниот Черни е израелски државјанин, бизнисмен и индустријалец, роден во Узбекистан. Тој за првпат се појавува на руската бизнис-сцена на крајот на 80-те, кога по распадот на Советскиот Сојуз влегува во алуминиумската и челичната индустрија и станува дел од новосоздадената руска олигархија.

Од овој период се првите информации за поврзаност на Черни со мафијата. По низата успешни и неуспешни атентати врз негови соработници во Русија, Черни во 1995 емигрира во Израел. Во исто време, тој го проширува интересот на низа други бизниси – во Бугарија го купува единствениот мобилен оператор во земјата – „М-Тел“, фудбалскиот клуб „Левски“ и весникот „Стандарт“, а влегува и во тутунската компанија „Булгартабак“.

Во 2000 година, Черни е протеран од Бугарија на десет години поради криминални бизнис-активности, а низ годините забранет му е влезот во САД, како и во повеќе европски земји. Во Швајцарија, каде Черни се обидел да влезе со руски пасош, започнува 12- годишен судски спор за врските на милијардерот со мафијата, кој завршил во 2008, со ослободување од обвиненијата.

Во Израел, тој е предмет на посебна истрага, а властите му го одземаат пасошот. Шпанските власти во 2009 година исто така го обвинуваат Черни за перење пари, издаваат потерница преку Интерпол и бараат од Израел да го испорача милијардерот. Во последните години, името на Черни се јавува во низа офшор-комбинации, а ова е потврдено и со појавувањето на тајкунот во „Документите од Панама“.

За македонската јавност, интересна е поврзаноста на Михаил Черни со скандалот со рафинеријата „Рафо“ во Романија. Во овој случај руско- израелскиот милијардер е вмешан во преземање на нафтена компанија на Балканот, а последиците биле катастрофални за вработените и за романската економија.

По преземањето од низа сомнителни бизнисмени и компании, рафинеријата во еден момент доаѓа во рацете на Ури Бидер, кој всушност е параван за офшор фирмите на уште еден контроверзен израелски бизнисмен поврзан со Черни, Бенјамин Стајнмец. Рафинеријата „Рафо“ тогаш ја презема фирма со речиси исто име како компанијата што денес се обидува да го преземе „Макпетрол“ – Балкан Петролеум. Токму под водството на овие луѓе, рафинеријата се затвора, илјадници вработени одат на улица, а имотот се продава како старо железо.

Ако се има предвид овој богат „минат труд“ на луѓето околу сопственикот на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, Ури Бидер, разбирливи се стравувањата и сомнежите дека се подготвува повторување на нивните дубиозни бизнис-игри и во Македонија. Во оваа ситуација, додека се чека ставот на Комисијата за хартии од вредност околу намерата на британско-кипарската компанија за преземање на дел од акциите на „Макпетрол“, јасно е дека државата мора да ги активира сите заштитни механизми и да спречи какви било манипулации на акционерите.

Впрочем, според познавачите, една од клучните функции на Комисијата за хартии од вредност како берзански регулатор е токму заштитата на домашната економија од влез на црн капитал.

„Макпетрол“ веќе обвини дека дел од акционерите биле контактирани да ги продадат акциите пред јавната понуда, што е спротивно на законот. Комисијата и натаму молчи околу целата постапка. Доколку на 9 јули регулаторот ја одобри јавната понуда за акциите на

„Макпетрол“, почнува рок од десет дена, во кој КХВ ќе ја разгледа понудата, во која Балкан Петролеум мора да ги депонира и парите со кои планира да ги купи акциите. Ако КХВ ја одбие понудата, британско-кипарската фирма ќе го изгуби правото да достави нова понуда во следните година дена.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.