Авион со 130 патници денеска ја промаши пистата на аеродромот на Бали и слета во морето. Од министерството за сообраќај соопштуваат дека мртви нема, а седум патника се полесно повредени.
Авионот бил од нискобуџетната индонезиска компанија “Лајон Ер”, тип боинг 737. Големата туристичка атракција, островот Бали бил дестинацијата на авионот. Се уште се истражува кои биле причините за инцидентот