Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сондата Џуно ја започна мисијата на мистериозниот Јупитер

0
By Нова ТВ on July 5, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 5, 2016 12:58

 

https://www.youtube.com/watch?v=tblhnIllntc

Сондата Џуно влезе во орбитата на Јупитер и по пет години патување ќе го започне истражувањето на најголемата планета во Сончевиот систем.

Серија на радио сигнали испратени од вселенското летало потврдија дека маневарот за влез во орбитата е изведен како што беше планирано.

За да влезе во поларната орбита на Јупитер, сондата мораше да го запали својот главен мотор да за да закочи, гравитацијата на Јупитер да ја улови и да ја уфрли во поларната орбита.

Основната цел на Џуно е да го разбере потеклото и еволуцијата на Јупитер. Под својата густа покривка од облаци, Јупитер ја чува тајната за основните процеси и услови кои владееле во нашиот сончев систем за време на нејзиното формирање.

– Џуно ќе ни помогне да направиме голем чекор напред кон подобро разбирање на тоа како се формирале џиновските планети и каква улога имале овие гиганти во составувањето на останатиот дел од сончевиот систем, велат научниците од НАСА.

Џуно ќе ги истражува следниве работи:

– Колку вода има во атмосферата на Јупитер, што ќе помогне во одредувањето на тоа која теорија за формирање на планетата е точна (или можеби дали се потребни нови теории)

– Атмосферата на Јупитер за да ги измери составот, температурата, движењата на облаците и други својства

– Ќе ги мапира магнетните полиња и гравитацијата на Јупитер, со што ќе ја открие длабинската структура на планетата

– Ќе ја истражува магнетосферата на Јупитер во близина на половите на планетата, особено северната и јужната поларна светлина (аурора), со што ќе овозможи увид во тоа како огромното магнетно поле на планетата влијае на нејзината атмосфера

Вселенската мисија Џуно започна на 5 август 2011 година. Сателитот треба да орбитира околу Јупитер 20 месеци (37 орбити) и откако ќе ја заврши својата работа треба намерно да се нурне во атмосферата на Јупитер и да согори, што се очекува да се случи во февруари 2018 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.