Радио Канал 77 денеска попладнево соопшти дека нема да присуствува на закажаниот работен состанок на Министерството за информатичко општество и администрација, во врска со експресната јавна расправа за Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институци. Оттаму велат дека тие воопшто не се согласуваат со идејата владата да го озаконува своето влијание врз пазарот на медиуми и поради тоа немаат за што да дебатираат со нив на утрешниот состанок.
-Ќе бара извештаи од приходи од спонзорстав и донации од медиумите за да одбива финансирање од владини реклами. Има и други небулози кои што директно ќе се одразат на севкупниот медиумски пазар и во иднина ова може да биде репер на сите огласувачи за економски маркетинг. Ќе се прави истражување на пазарот без можност за проверка на методологијата на истражувачките организации.
-Уште пострашно е што овој Закон е за распределба на пари над 100.000 евра, а додека малите финансирања кои се во огромен број од јавните претпријатије и општините, повторно лебдат во етерот во Македонија. И како конечна цел, дирекна легална корупција на медиумите кои што можат да бидат избрани од Маркетинг Агенција или нема да бидат избрани, ќе ги озакони сите девијантни дејствија и ќе ги загуши сите слободни медиуми и се ќе биде по Закон, се вели во соопштението.