Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград ќе ги продолжи преговорите со Приштина, а доколку биде потребно и без посредници. Во интервју за рускиот весник “Русија Денес” Дачиќ вели дека преговорите мора да продолжат бидејќи не постои друг начин за решавање на косовскиот проблем.
На прашањето дали е реално Србија да добие датум за преговори од Европската унија, тој одговора дека Косово останува проблем на Србија, со или без Европската унија и мора да се вложат напори за решавање на тој проблем.
„Ние Косово го решаваме за да можеме норамално да живееме, а не за да добиеме датум. Тој датум секако дека е наша цел, но од истата причина – да можеме нормално да живееме. Но, постојано во целиот тој процес мора да не води свеста дека Косово го решаваме поради Косово и Србија и оти мора да го решиме без разлика кога ќе добиеме датум,” истакнува српскиот премиер во интервјуто.