НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карипски оф-шор фирми стојат зад преземањето на Макпетрол

0
By Нова ТВ on July 6, 2016 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Понудувачот за Макпетрол се крие на Карипските острови. Трагите за фирмата Балкан петролеум завршуваат во Британските Девствени острови, во фирма која е дел од панамските документи, објавува Телма. Според записот во кипарскиот централен регистар зад целата операција стојат фирмите „Далиа Глобал корпорејшн“ (Dalia global Corp) и „Воландес асетс корпорејшн“ (Vollandes assets corporation).

Двете фирми со по влог од 500-тини евра на 17-ти мај во Лимасол на Кипар ја отвораат Даволиа. Новоотворената компанија Даволиа за иста сума од илјада евра 11 дена подоцна, на 28-ми мај во Лондон ја формира фирмата Балкан петролеум холдинг лимитед. Балкан Петролеум на 8-ми јуни објавува понуда за превземање на Макпетрол.

Во документите до кои дојде Телма се гледа дека походот кон Македонија почнува од фирми кои се регистрирани на малата оф-шор држава Британските девствени острови на адреса на Тридент. Тридент е бизнис-адвокатска фирма која отвора оф шор копмании за клиенти низ цел свет.

Далиа глобал и Воландес немаат класични адреси туку поштенски фахови отворени во градчето Роад Таун на Девствените острови. Поштенските фахови се во сопственост на компанијата Тридент која има многу подружници на островите.

Една од нив е Тридент Кјуоано која ја има на црната листа на европската комисија затоа што отварала фирми преку кои во 2011-та либискиот владател Моамер Гадафи префрлал и перел пари низ Европа. На нејзин поштански фах е регистрирана фирмата Воландес.

Другата компанија Далиа глобал е регистрирана на поштенски фах на Тридент чемберс со број 146. Овој број на поштенски фах (146) го има на панамските документи, како адреса каде се отворени десетици оф-шор фирми низ целиот свет од каде се изведувани сомнителни зделки.

Далиа глобал и Воландес се имиња на две карипски фирми кои биле затворени пред 3-4 години, но оваа година се јавуваат повторно во кипарскиот централен регистар. Далиа глобал била панамска фирма, додека втората Воландес асетс работела од Бахамите.

Сега и двете стојат зад понудувачот зад Макпетрол. Зделката ја почнале од девствените острови во Карипското Море, потоа трагата ја кријат преку фирма формирана во Кипар пред помалку од два месеци, а дополнително се отвора и трета фирма со капитал од илјада евра во Лондон, Балкан Петролеум која ја испраќа понудата за Макпетрол.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.