Поглаварот на Римокатоличкта црква Френцис имевуваше вчера совет од осум кардинали, кои ќе му помогнат да ја рефорира црквата.
Кардналите ќе бидат негови советници и задачата им е да ја разгледаат нацрт –ревизијата на Апостолскиот устав „Пастор Бонус“, кој во 1988 година го прогласи папата Јован Павле II.
Папата ги избра кардиналите точно еден месец по негововото стапување на должноста поглавар на Римокатоличката црква, која во текот на последните години се “тресе“ од броји скандали.
Во соопштението од Ватикан се наведува дека папата има намера да превземе „конкретни мерки“ со цел реформирање на црквата, првиот состанок на советот ќе се одржи од 1 до 3 октомври.
Избраните кардинали се: архиепископот од Хондурас Андрес Родригес Марадиаг, Гранциско Хавије Еразуриз Оса од Чиле, Сон Мали, Италијанецот Џузепе Бертело, Рајхарт Маркс од Германија, Освалд Грацијас од Индија, Лоран Монсенгво Пасини од Кондо и Џорџ Пел од Австралија.