НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Макпетрол“ тест за КХВ – Ќе има ли влез на сомнителен капитал?

0
By Нова ТВ on July 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ден откако анонимната компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ официјално ја достави понудата за преземање на домашниот нафтен гигант „Макпетрол“, станува се појасно дека ова ќе биде најголемиот испит во 24-годишната историја на македонскиот берзански регулатор, пишува порталот ПлусИнфо.

Комисијата вчера се огласи за првпат откако почна постапката за преземање на акциите од страна на „Балкан Петролеум“, само за да го потврди молчењето, со изговор дека нема понатамошни информации во оваа фаза на постапката.

По доставувањето на понудата, тече законскиот рок од десет работни дена во кои КХВ треба да се изјасни дали ја прифаќа, што ќе зависи од тоа дали таа е во согласност со законските прописи.

Сепак, експертите кои за ова прашање се изјаснија во јавноста, велат дека улогата на Комисијата мора да биде многу поширока, односно дека КХВ, кога решава за вакво преземање треба да биде особено внимателна, да го истражи потенцијалниот купувач и да направи се за да го заштити македонското стопанство од шпекулативните зделки и нечистиот капитал од странство.

Во македонската јавност уште со првото спомнување на „Балкан Петролеум“ како потенцијален купувач на акциите на „Макпетрол“ се појавија загрижувачки информации за сопственикот на фирмата и луѓето поврзани со неа, кои водат до сомнителни офшор-мрежи, перење пари и корупција. Компанијата е основана во Лондон, но зад неа стојат низа фирми од Кипар и Британските Девствени Острови.

Новинарските истражувања открија дека луѓето поврзани со овие компании се дел од матните источноевропски бизнис-кругови, а нивните имиња се појавуваат во најголемите светски скандали, меѓу кои и оној со „Документите од Панама“.

Добро документираните случаи во кои истите овие луѓе, кои сега се обидуваат да го преземат „Макпетрол“, се вмешани во низа афери со корупција и перење пари, треба силно да го вклучат алармот кај надлежните институции, кои не смеат да дозволат сомнителниот офшор-капитал да влезе во земјава.

Кога сето ова ќе се земе предвид, заедно со големината на „Макпетрол“, неговото значење на нафтениот пазар во земјава и бројот на луѓе, вработени и акционери, чија егзистенција е директно поврзана со гигантот, може да се заклучи дека судбината на компанијата не е само прашање на приватен, туку и на јавен интерес, сметаат познавачите. Токму „Макпетрол“ веќе укажа на тоа дека документацијата на „Балкан Петролеум“ уште во првата фаза била некомплетна, како и дека спротивно на законот, компанијата ги контактирала акционерите и пред да биде доставена понудата. Наспроти ова, Комисијата за хартии од вредност и нејзината претседателка, Елизабета Чингаровска, и натаму не излегуваат пред јавноста со став околу понудата на „Балкан Петролеум“.

Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.