НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се интензивираат преговорите за името

0
By Нова ТВ on April 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе се интензивираат преговорите за името

Во наредниот период ќе се интензивира процесот на преговори за изнаоѓање на решение за проблемот со името. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го најави вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими.

Во однос на прашањето за името очекуваме да има интензивирање на дијалогот во тој дел, со цел да може до јуни да се заокружи и да се покаже конкретен напредок во тој дел, затоа што тие се работи кои се ставени како заклучоци на декемврискиот извештај. Сметаме дека во овој дел Македонија треба да покаже напредок и очекуваме и тоа да биде евалуирано или оценето од страна на земјите членки на ЕУ. Македонија во овој период треба да се фокусира и на тој дел затоа што тоа е една од главните теми, покрај овие политички внатрешни теми и реформските што беа споменати, добрососедските односи и прашањето за името остануваат клучни фактори во дефинирањето или во оценката за напредокот на Република Македонија за започнување на преговорите за членство во ЕУ, изјави Фатмир Бесими.

Во врска со исходот од новите рунди разговори за името, Бесими се воздржува од кометра дали тие ќе донесат резултат.

Не би било соодветно да прогнозирам, затоа што е процес кој не зависи само од една страна, но тоа што можам со сигурност да го кажам е дека е исклучително важно процесот да се динамизира, исклучително е важно да сме активни и исклучително е важно не само за Македонија, туку и за ЕУ и за Грција и за регионот да има напредок за Македонија и за останатите земји во регионот за започнување на преговорите со ЕУ да станеме членка на Унијата, изјави Бесими во интервју за Слободна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.